ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Синдикатите повикани во владата, Груби и Бесими бараат да не се штрајкува

Раководството на Сојузот на синдикати на Македонија попладнево е повикано во Владата. Според информациите, синдикалците треба да се сретнат со првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за финансии Фатмир Бесими и останати членови на владата. Целта на средбата ќе биде синдикатот да се откаже од утрешната седница на претседателството на која треба да се донесе одлука за генерален штрајк во јавниот сектор и администрацијата. Причина за овој чекор на ССМ би било неисполнувањето на владиното ветување дека вработените во државните институции ќе добијат зголемување на платите од по 2.800 денари. Од Сојузот за Алсат информираа дека нема да прифатат евентуални нови ветувања од властите дека ќе се најде решение за нивните барања.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button