Синдикатот ја повикува владата на договор за 500 евра, минимална плата
Синдикатот ја повикува владата на договор за 500 евра, минимална плата

Синдикатите ќе излезат на улица доколку владата не им го исполни барањето за минимална плата од 500 евра, синдикалците и даваат нова шанса на владата да седнат и да изнајдат заедничко решение за покачување на минималната плата, но доколку тоа не се случи тие предупредуваат на протести кои би се реализирале кон почетокот на Април.
„Нема да бидеме виновни ниту ќе им биде некој друг виновен доколку на втори и на седми април работниците излезат на протести, затоа што ќе донесеме нова одлука. Нема да им бидеме виновни доколку излеземе на улица и донесеме одлука пред владата и работодавачите, пред оние кои не сакаат да ни ги зголемат платите.“ „Ако некој смета дека 24 400 денари е доволна плата за работниците во Македонија како минимална плата под која не може да се исплати ниту една плата, а најниската плата во регионот е 457 евра во Србија, мислам дека ќе треба да ги запалат автобусите и да не преселат сите од Македонија, нешто што мислам дека треба да ги загрижи апсолутно сите“, рече Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.
Граѓаните сметаат дека потребен е итен раст на минималната плата. Со оваа скапотија платата стигнува едвај за 20 дена.
„Ако мораш кирија да плаќаш, апсолутно не со тоа што цените посебно за сметки страшно е, 20 преку сила, останатите 10 ќе седиш гладен.“, рече еден граѓанин.
„Минимална од 500евра тоа е минимално што треба да се направи за стандардот наш, па и со овие 500 евра тешко може да се врзе крај со крај. Се е скапо цените се европски а стандардот ни е балкански “ , додаде друг.
„Не може, јас сум една па не можам да опстојам“, нагласи друг граѓанин.
„Да треба да се покачи, но плата треба повеќе од 500, зависи до тоа колку членови семејството има, 3-4 членови не можат да поминат со 500 евра, треба да биде повеќе, 600 до 800 евра… 0:56 Цените се покачија многу, храната, не може да се живее со 24 илјади, минималната плата треба да биде над 600 евра до 800 евра“, додаде друг граѓанин.
“Ако биде повеќе подобро ќе биде, пошто се се скапи, колку да земаш проблем е да го поминеш месецот„, рече еден граѓанин.
Согласно законот минималната плата треба да се зголеми за 1,800 денари, односно ќе изнесува 24,400 денари и таа треба да се утврди во втората половина на месец март на следниот економско социјален совет./Алсат.мк
Ангел Димовски