
Синдикатот на македонски пошти бара итна средба со претставници на Владата и на Министерството за транспорт за да се најде решение за лошата финансиска состојба. Ако средбата не се одржи за 5 дена, најавуваат протести и штрајкови.
Синдикатот бара од Управата на поштата да го повлече огласот за 31 ново вработување во секторот администрација бидејќи тоа дополнително ќе го оптовари буџетот со вработувања кои не се неопходни. Но, од поштата ги отфрлаат ваквите обвинувања и тврдат дека работниците редовно земаат плата, а во однос на конкурсот велат дека бил распишан поради немање кадар.