ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Синдикатот на УКИМ на преговори со Собранието за мирно решавање на спорот за колективниот договор

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска ќе се одржи средба помеѓу одборот за преговори, предводен од претседателот на Парламентот, Талат Џафери и претставници на Сојузот на синдикати на УКИМ, предводени од неговиот претседател, проф. д-р Ангел Ристов.

Advertisements

Средбата ќе се одржи врз основа на барањето на Синдикатот на Скопскиот универзитет за мирно решавање на колективен спор со посредство на помирувачот, адвокатката Мимоза Салтирова, согласно Законот за мирно решавање на работните спорови.

– Со оглед на прифаќањето на предлогот за мирно решавање на спорот од страна на Собранието, како основач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, очекуваме да постигнеме договор со кој ќе се остварат нашите повеќегодишни барања за потпишување колективен договор на ниво на работодавец – УКИМ, унапредување на правата од работен однос и покачување на платите на вработените, се наведува во дописот од Ангел Ристов, претседател на Сојузот на синдикати на Скопскиот универзитет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button