ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Синдикатот на УКИМ утре ќе преговара со Собранието за мирно решавање на спорот

Откако Министерството за труд и социјална политика (МТСП) го прифати барањето за помирување, претставници на Сојузот на синдикати на УКИМ утре во Ректоратот на Универзитетот ќе одржат средба со одборот за преговори предводен од претседателот на Собранието Талат Џафери по однос на барањата на Синдикатот за склучување новиот колективен договор и зголемување на платите на вработените.

Advertisements

Средбата ќе се одржи врз основа на барањето на Синдикатот на УКИМ за мирно решавање колективен спор со посредство на помирувачот, адвокатката Мимоза Салтирова, согласно Законот за мирно решавање на работните спорови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button