ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Синдикатот на УПОЗ бара скалесто зголемување на платите

Половина од вработените во судската администрација од април ќе бидат на минималец ако не се случи скалесто зголемување на останатите плати. Од УПОЗ велат дека четири работни позиции ќе имаат иста плата, иако имаат различни квалификации за работната позиција.

Advertisements

Од синдикатот бараат итни измени во Законот за административни службеници бидејќи од 5 до 8 илјади вработени земаат плата под минималецот. Доколку нема зголемување на останатите плати од УПОЗ најавија штрајкови и протести.

„Доколку не се случи скалесто зголемување ќе се случи вработените од пониските нивоа да ги престигнат вработените од повисоките нивоа или вработените со средно да ги престигнат тие со високо. Ова ќе биде тотално нефункционирање на системот на плати во администрацијата и правосудството. Сето ова беше кажано на седниците на социјално-економскиот совет, и на сите состаноци кои УПОЗ ги имал со ресорните министерства и во минатото и сега“, вели Трпе Деаноски- Претседател на УПОЗ.

Состојбата со изедначени плати ќе биде полоша во образованието велат од СОНК. Изедначување ќе има во градинките, основното и средното образование велат од синдикатот.

„Во детската заштита во градинките имаме десет категории со десет различни сложености на работа, тоа се десет групи со различни бодови ќе земаат иста плата. Тоа значи дека од почетната категорија помошно технички персонал или хигеничар до неговател платата ќе се изедначи. Апсолутно е неприфаливо спротивно на законот и на колективните договори кои што ги имаме потпишано“, изјави Јаким Неделков- Претседател на СОНК.

Премиерот Димитар Ковачевски во гостување во емисијата 200 на Алсат, посочи дека низ различни законски измени се предвидува зголемување на платите но тие решенија се блокирани од опозицијата која сега бара скалесто зголемување.

„Ние имавме законоско решение за трансформација на работниот однос на 4700 наставници во образованието од определно во неопределено време за исплаќање на плата која што ќе биде со коефициент и со минималната плата за вработување на помошници во самите образовни институции и тоа законско решение беше блокирано“, наведе Димитар Ковачевски- Премиер на РСМ.

Законското решение за измени во Законот за минимална плата, во кое се предвидува минималната плата да се зголеми на 18 илјади денари веќе од следниот месец е доставен до Собранието и набрзо ќе се најдат на собраниска седница.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button