ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Синдикатот за образование бара дополнителни пари за наставниците кои поради ковид протоколите се принудени да работат со двојно работно време

На наставниците кои одржуваат настава со физичко присуство и имаат двоен распоред, мора да им се платат дополнителни пари, побара од општините и од директорите на училиштата Синдикатот за образование, наука и култура. Претседалот на овој синдикат, Јаким Неделков, рече дека плаќањето за дополнителна работа е законска обврска и обврска според Колективниот договор.

Advertisements

Исто така, СОНК побара да се разгледа одлуката на Министерството за образование за префрлање на наставата од прво до трето одделение он лајн, со цел да се заштитат наставниците од ковид 19. Сепак, Царовска рече дека процесот во училиштата се одвива непречено и нема потреба од затворање.

Според СОНК, директорите на училиштата кои не плаќаат за дополнителната работа на наставниците, ќе се соочат со судска постапка.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button