СПОРТ

Синер co мала предност пред Алкараз, Сабаленка прва фаворитка кај дамите

Со денешните натпревари ќе се означи почетокот на турнирот на Вимблдон. Како ретко кога во последните десетина години, Новак Ѓоковиќ нема да стартува како фаворит. Според букмејкерите, третиот светски рекет е и трет фаворит за освојувањето на Вимблдон.

Формата годинава му беше променлива, досега нема Грен слем трофеј во 2024, а делува дека е далечен и на претстојниот турнир. Ѓоковиќ неодамна направи операција на менискусот, па Вимблдон треба да го искористи за темпирање на формата за Олимписките игри во Париз.

Предност на турнирот во Лондон имаат младите сили. Јаник Синер според букмејкерите има мала предност пред Карлос Алкараз, додека останатите во топ десет се практично и без вистински шанси за освојување на Вимблдон.

Што се однесува до натпреварувањето кај дамите, минимална предност ѝ се дава на Арина Сабаленка. Белорусинката игра во одлична форма, па то ја смести на врвот меѓу фаворитките пред Ига Швјонтек, Елена Рибакина и Коко Гоф.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button