
Пред самиот почеток на турнирот УС Опен, објавена е најновата АТП листа, на која на лидерското место сè уште е Јаник Синер. Веднаш зад него останува олимпискиот шампион Новак Ѓоковиќ.
Тенискиот трон сè уште му пропаѓа на Синер со 9.360 бода, додека Ѓоковиќ има 7.460, а шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има сто бода помалку, односно 7.360.
Најдобрата десетка ја комплетираат Саша Зверев, Данил Медведев, Андреј Рубљев, Хуберт Хуркач, Каспер Руд, Григор Димитров и Алекс де Минор.
Кај дамите на првото место на ВТА-листата и натаму е Ига Швионтек од Полска со 10.695 бода, додека втора е белорусинката Арина Сабаленка со 8.016 бодови. Американката Коко Гоф е трета тенисерка во светот со 6.743 бода.