МАКЕДОНИЈА

Синодот на БПЦ официјално соопшти дека ја призна МПЦ според томосот на СПЦ

Синодот на Бугарската православна црква на својата редовна седница официјално го прифати томосот што го издаде СПЦ и нејзиниот поглавар Порфириј, со кој ѝ беше дадена автокефалност на Македонската православна црква, јавува дописникот на МИА од Софија.

Според одлуката, БПЦ изразува препорака прашањето за официјалното име да се реши во братски дијалог со гркојазичните и другите помесни православни цркви. Светиот синод на БПЦ на спомнувањето на имињата на поглаварите на православните цркви во својот диптих додаде дека архиепископот Стефан треба да се споменува како „блажениот Стефан, архиепископ на Северна Македонија“.

За дописникот на МИА од Софија, член на Светиот синод коментира дека БПЦ е една од првите што ја признала духовната независност на Македонската православна црква, за разлика од другите православни цркви.

Српската црква, по децении негирање, во мај годинава ја призна автокефалноста на македонската црква.

Речиси паралелно со ова Вселенската патријаршија одлучи да ја прими МПЦ-ОА во зеницата на православните цркви, а во јуни се случи и заедничка литургија на архиепископот Стефан и вселенскиот патријарх Вартоломеј, на која присуствуваше и македонскиот државен врв предводен од премиерот Димитар Ковачевски. Оттогаш почна процесот за доделување томос од Цариград, кој сè уште не завршен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button