Синоќа 10 лица приведени во угостителски објекти во Скопје

Десет лица во текот на изминатата ноќ биле приведени во угостителски објекти во Скопје бидејќи кај нив била пронајдена марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Станува збор за три лица од Косово и седум македонски државјани: три лица од Скопје, две од Куманово и по едно од Битола и Струга. Приведени се на возраст од 18 до 50 години.
„Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.
Тие се сомничат за делото неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Синоќешната полициска акција била спроведена од страна на Единицата за недозволена трговија и интервентната полиција при СВР Скопје.