СПОРТФОРМУЛА - 1

Синот на Михаел Шумахер, не се откажува од враќањето во Формула 1

Синот на седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер, Мик, нема да се откаже од својот сон во иднина да се врати во најбрзиот автомото спорт.

Advertisements

Германецот помина две сезони во Формула 1 каде настапуваше за тимот на Хаас во 2021 и 2022 година, но го загуби местото во американскиот тим, по што не можеше да најде друга стартна позиција.

Тој во меѓувреме стана резервен возач во Мерцедес, а од оваа година ги комбинира должностите на Сребрените стрели со Светскиот шампионат во издржливост (WEC) со Алпин.

Шумахер дури се најде на списокот со кандидати за празното место во францускиот тим за сезоната 2025 во Формула 1, но на крајот тие го избраа Џек Дуан за тимски колега на Пјер Гасли во Енстон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button