ВЕСТИСВЕТ

Сирените прогласија општа опасност: Повеќе од илјада пожарникари гаснат пожари во Словенија

Повеќе од илјада пожарникари гасат огромни пожари на границата меѓу Италија и Словенија, објавија денеска словенечките медиуми.

Пожарот се прошири од италијанска страна кон Словенија и покрај обидите за гаснење од воздух во кои беа вклучени три словенечки и два италијански хеликоптери. Загрозени се населбите Села на Красу, Худи Лог, Корита на Красу и Нова Вас, каде што се врши евакуација на населението, соопштија од регионалниот штаб на цивилната заштита на Приморската покраина.

Најтешка е состојбата во општина Добердоб, која се наоѓа покрај словенечко-италијанската граница, јавуваат медиумите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button