ЕКОНОМИЈА
Сиромаштијата ќе се продлабочува

Сиромаштијата во земјава ќе продолжи да се продлабочува .Според студијата презентирана од Платформата за борба против сиромаштијата, бројот на луѓе во екстремна сиромаштија ќе се зголеми за 20-50%, во споредба со периодот пред кризата, односно во 2021 година.
За ублажување на оваа страшна состојба, Сојузот на синдикати на Македонија бара зголемување на платите на работниците и до 78%.
Во дебатата на тема достоинствен живот или опстанок, од властите се побара да го заузда зголемувањето на цените во следниве шест месеци или повеќе, да се стави инфлацијата под контрола а паралелно со овие мерки да се зголемат и приходите на граѓаните.
Мелихате Рустеми