ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Систем од компании подолг период црпеле пари по основ на поврат на ДДВ со фиктивни фактури и го оштетиле Буџетот за милиони

Систем од компании подолг период црпеле пари по основ на поврат на ДДВ со фиктивни фактури и го оштетиле Буџетот за милиони

Одредени компании подолг период црпеле пари по основ на поврат на ДДВ со фиктивни фактури и го оштетиле Буџетот за милиони. Во мрежата од компании кои испумпале милиони често се менувале одговорни лица и сопственици. Во поголем број од случаите истите се лица кои што се од наши соседни земји и кои тешко се лоцираат. Ова се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за скандал во системот за поврат на ДДВ. Како што велат, државата нема можност да ги врати овие средства, поради празните сметки на фирмите, а обвинуваат дека измамата е направена со вмешаност на лица од Управата за јавни приходи.

Advertisements

Од СДСМ велат дека опозициската партија ја загрозува истрагата. Според нив, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска веќе проговорила за сомнежите за ваква мрежа на измами и утре ќе ги објави деталите.

„ Дека постои мрежа на нафтени компании кои сакале да го изиграат системот и да испумпаат пари од буџетот заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП јавно соопшти, најавувајќи детали за в понеделник. Случајот е откриен токму од УЈП, целата постапка на разоткривање и процедура за расчистување е веќе завршена и јавноста ќе биде запознаена со сите информации. Сите инволвирани во овој случај ќе сносат одговорност согласно законите“, велат од СДСМ.

Според владејачката партија, непотврдените информации на опозицијата ја загрозуваат процедурата и ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со дезинформации./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button