Системот за поефикасна борба против корупцијата не е пуштен во употреба
Системот за поефикасна борба против корупцијата не е пуштен во употреба

Во државниот буџет од планираните 366 милиони денари за финансирање на 15 мерки реализирани се околу 74 милиони денари, односно 20 отсто од реформите во правосудството. Државниот завод изврши ревизија дали е имплементиран стратешкиот акционен план за 2017-2022 година и констатирал дека од 130-те вклучени мерки, само 52% се целосно спроведени, 34% делумно а 14% воопшто не се спроведени. Според Ревизијата, ова е последица на несоодветно определување мерки за постигнување на целите, нереални рокови, непроценка на финансиските средства и недоволна координација меѓу институциите.
Според Ниневска, главниот неуспех е не- имплементацијата на системот за електронско поврзување меѓу институциите, проект кој чинел 2,39 милиони евра, но никогаш не бил пуштен во употреба. Наодите на ревизијата покажуваат дека тоа го оневозможува забрзувањето на истражните и судските постапки, за предметите кои се чуваат во фиоки.
Во ревизорскиот извештај беше посочено и дека, многу скапиот апарат за размена на интерни информации меѓу Јавното обвинителство, МВР, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи и други институции се уште не е ставен во функција, иако 75% од износот на овој систем е доделен од ИПА фондовите. Но, ниту Министерството за правда не дава објаснувања зошто не се става во функција и не посочува дали планот ќе опфати акционен план за следните 5 години.
Стратегијата за реформи во правосудниот сектор за периодот 2017-2022 година, според Ревизијата, е основа за продолжување на реформите во правосудниот сектор во Македонија со цел исполнување на препораките дадени во извештаите на Европската комисија за напредокот на земјата, поточно Поглавјето 23, насловено како „Правда и основни права на патот кон процесот на европска интеграција“./Alsat.mk
Аднан Ќаили