ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сите албански партии, освен ДУИ, бараат нов конкурс за ректор на ДУТ

Сите албански партии, освен ДУИ, бараат нов конкурс за ректор на ДУТ

Беса, Алијанса за Албанците и Огнената група во ДУИ со реакции за изборот на нов ректор на Универзитетот во Тетово. Биљал Касами бара повторување на изборниот процес, велејќи дека ваквите настани не му личат на Универзитетот.

Advertisements

„Дозволете ми да ги повикам сите инволвирани во овој случај и администрацијата на Убиверзитетот во Тетово, Министерството за образование, Просветниот инспекторат да дадат сè од себе процесот да се повтори и да се исполнат сите услови кои се бараат според законската регулатива, да има слободни, фер и демократски избори. Би сакале УТ да биде ослободен од сите оние кои денес го користат како институција за семејно вработување за партиски услуги“, изјави Биљал Касами, претседател на движењето Беса.

И Огнената група, која е фракција во ДУИ, бара поништување на конкурсот. Изет Меџити за Алсат изјави дека треба да се запрат потенцијалните политички злоупотреби и влијанија, вклучувајќи ги и прекршувањата на законот и статутот во Универзитетот.

„Конкурсот повеќе нема правна валидност, особено по повлекувањето и основаните обвинувања кои ги набројаа тројцата кандидати кои синоќа едногласно се повлекоа од трката за ректор. Комисијата за избор на ректор и сите тела споменати за законски и статутарни прекршоци треба да се реформатираат, а на Универзитетот треба да му се даде можност за демократско остварување на правото да избере иден ректор“, велат од Огнена Група во ДУИ.

Од Алијанса за Албанците наведоа дека заштитата на тетовскиот универзитет од злоупотреби е интелектуална и човечка обврска.

„Имаме интелектуална, но и човечка обврска во храмот на знаењето, кој е најголемо богатство за Албанците, да поставиме личност која има кредибилитет и менаџерски капацитети. Сега кога имаме квантитет, треба да добиеме квалитет“, велат од Алијанса за Албанците.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button