ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сите големи партии реагираа, само ДУИ два дена молчи за Судскиот совет

Од ДУИ и втор ден не ги коментираат случувањата во Судскиот совет, поточно разрешувањето на Дамева со спорна постапка и како што таа ја нарече, незаконска. Од ДУИ ниту денеска не одговорија на прашањата на Алсат.

Прашања до ДУИ:

• Дамева тврди дека е разрешена по наредба од политиката. Дали некој од ДУИ влијаел за нејзиното разрешување?
• Како го оценувате нејзиното разрешување во тензична атмосфера и со кршење на процедурите?

За разлика од ДУИ, останатите големи партии ја критикуваа атмосферата во која се одвиваше процесот на разрешување на Дамева. Таа самата изјави дека одлуката е политичка порачка. Наместо да го разрешат судијата Енвер Беџети, пред два дена членовите на Судскиот совет, повеќето од редовите на ДУИ и ВМРО, со пуч ја сменија претседателката на Советот Весна Дамева. Потпретседателот на Советот, Селим Адеми, поранешен висок функционер на ДУИ, иницираше разрешување на Дамева за да не дојде до разрешување на Беџети, што беше седма точка на дневниот ред.

Потпретседателот Селим Адеми, поранешен функционер на ДУИ, на оваа функција во Советот е веќе 10 години. Тој во декември гласаше Весна Дамева да биде на чело на Судскиот совет, а на денот на разрешувањето упати низа обвинувања против неа. Откако таа одби да поднесе оставка, со помош на колегите Милазим Мустафа, Мирсад Сурои, Ханиф Зендели, Лорета Георгиева, Павлина Црвенковска и Сашо Георгиевски, таа беше разрешена.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button