ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Сите мислеа дека Али Ахмети не е корумпиран, но тој има милиони!“

Фатмир Лимани, внук на Али Ахмети, упати сериозни обвинувања против шефот на ДУИ, за брзо збогатување и вмешаност во коруптивни афери. Во емисијата „За или против“ на ТВ АЛФА, Лимани рече дека ако пред неколку години граѓаните мислеле дека само министрите на ДУИ се корумпирани, сега знаат дека и самиот лидер на ДУИ е вмешан во корупција, бидејќи тој и членовите на неговото семејство имаат милиони во недвижности и луксузни автомобили.

Advertisements

„Корупцијата и масовниот криминал не беа изложени како што се денес. Пред пет години не се знаеше дека Али Ахмети има вили, неговиот син има порше, неговата сопруга има БМВ џип, а нивниот возен парк некаде достигнува вредност од еден милион евра. До вчера Албанците, но и Македонците него го сметаа за лидер кој не е вмешан во овие коруптивни афери, додека денес се покажува дека тие го достигнале врвот на стекнувањето богатство, без разлика дали тоа било во средства, во парцели или во збогатување со имот. Денес работите се поинакви, маските паднаа и злото ги премина сите граници. Денес луѓето и сите гласачи се во сосема поинаква позиција, тие разбираат кој е злото во оваа земја и покрај надежта дека ќе се подобри“, вели Фатмир Лимани, потпретседател на Движењето Беса.

Лимани изјави дека личниот возач на Али Ахмети поседува богатство од милиони. Тој нагласи дека со објавувањето на црната листа на САД, во која има функционери на ДУИ, почнал и крајот на ДУИ. Според Лимани, граѓаните повеќе нема да ја поддржуваат ДУИ и нема да се плашат од нејзините закани, бидејќи се свесни дека додека нејзините функционери се богатат, младите се иселуваат во Европа.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button