СПОРТФУДБАЛ

Сите натпревари од четвртото коло се играат во сабота, во истиот термин

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди термините на натпреварите од четвртото коло од Првата Македонска Фудбалска Лига (ПМФЛ).

Advertisements

Се очекуваше дуелот меѓу Вардар и Воска Спорт да се игра под рефлектори, меѓутоа такво нешто нема да има и мечот е закажан во дневен термин на 31 август (сабота) од 16:00 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Сите други мечеви исто така ќе се играат во сабота поради репрезентативната пауза која следи.

Тиквеш игра во Кавадарци со Гостивар, Силекс ќе му биде домаќин на Шкупи во Кратово, Шкендија се соочува со Пелистер во Тетово, првакот Струга, дома ја пречекува Брера Струмица, додека Беса во Гостивар игра со Работнички.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button