Сите партии сакаат дијалог за деблокирање на Парламентот, но никој не повлекува нога

Нема никакво поместување кај парламентарните партии за деблокирање на Собранието. Координаторот на пратеничката група на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Скендер Реџепи, вели дека досега не е сторено ништо за да се најде решение за Законот за државјанство, па затоа и нема промена во нивната позиција, а тоа значи ги блокираат сите комисии со амандмани.
„Ние сме заинтересирани да имаме решение за одредена категорија граѓани. Затоа, не само петтиот финансиски пакет, туку и кој било друг вид закон што ќе дојде во меѓувреме, ние ќе продолжиме да ги блокираме.“
Но, декларативно, од власта се „ЗА“ изнаоѓање решение. Пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева, вели дека намерата на албанската опозиција не ги оправдува нејзините постапки.
Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми потенцира дека решение може да се најде во координација со албанската опозиција.
„Ваквиот механизам го користеше ДУИ во минатото, но не со сите закони, вклучително и законите поврзани со петтиот пакет економски мерки, особено за вработените во приватниот сектор и во оние сектори што беа и се најмногу погодени од пандемијата.“
Делумно бојкотира и македонската опозиција која во најголем дел од времето одбива да влезе на пленарна седница, па не може да се обезбеди кворум за работа. Но, од ВМРО велат – ќе ги поддржат законите на власта кои се дел од петтиот економски пакет.
Собранието со месеци се соочува со недостиг на кворум, седниците на комисиите остануваа на половина или воопшто не можат да почнат, поднесени се илјадници амандмани и работата се блокира.
Mefail Ismaili