Сите промашувања на фудбалскиот тим на ДУИ

Секој ден е наречен историски ден со достигнувањата на владиниот тим на ДУИ, но кога медиумите критикуваат, критиките се квалификуваат за хистерични. Финализирањето на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д, кој повторно беше промовиран како достигнување на тимот на ДУИ, пак беше наречен историски, па дури беше и прославен со симулиран натпревар каде играчи беа министрите на ДУИ, меѓу кои и разрешениот Насер Нуредини. Со свечени чевли и кошули, министрите си шутираа во просториите на Министерството за политички систем.
Владиниот тим на ДУИ со денови одбива да одговори на голем број прашања од АЛСАТ меѓу кои и околу сомнежите за тендерот со надзорната фирма за изградба на автопатот.
Груби одби да одговори за одлуката што ја потпиша за обештетување на поранешните бранители за нивното учество во конфликтот во 2001 година. Исто така, одби да ги коментира сомнежите за руски пари што го покрена Алсат, во бизниси кои ги промовира неговата партија. Вицепремиерот вети закон за ветинг на носителите на функции, судии и обвинители, што го нема. Иста судбина имаше и ветувањето за еднаквост во Врховниот суд и за злоупотребата на балансерот итн. Заедно со неговиот колега Османи, се фалеа за законот за албанскиот јазик, но и покрај бавните подобрувања, албанскиот останува далеку од официјална употреба. И покрај тоа што Груби има право да претседава со владините состаноци, тој и неговите колеги не можат да зборуваат на албански јазик, а големите празнини ги потврди и Агенцијата и Инспекторатот.
Османи, кој е на три функции, претседавач со ОБСЕ, министер за надворешни работи и на крајот координатор за прашања на огранокот Чаир, па дури и портпарол на партијата, вети анализа на сите дипломатите вработени во МНР по скандалот со дипломатот кој беше уапсен во Србија. Дипломати беа вмешани во скандали со доделување државјанства за спасување на барани криминалци од трети земји ширум светот. Османи имаше одговори само за сопствениот скандал – за користењето на службен автомобил, случај кој заврши само со етичка забелешка.
Во играта на министрите од ДУИ, Јетон Шаќири, кој асистираше може да се пофали со книгите во училиштата, со кои се опремијаучениците среде учебна година, но и со постигнувањата на неговото министерство за координација на учење по дојави за лажни бомби.
Кога Алсат на прес-конференции прашуваше за лебот и неговата цена, Бектеши држеше предавања за медиумите, а од неговите голови кои се паметат е само неконтролираното поскапување. Бектеши поради последниот натпревар не успеа да асистира во новата мерка за намалување или замрзнување на цената на млекото.
Фатмир Бесими со денови не одговара како фирмата која владата ја прогласи за неетичка, стана посакуван партнер и во моментов е ангажирана за фирма која ќе врши наздор на работите на Коридорот 8 и 10Д. За гол се смета и постигнувањето што земјата ја започна 2023 година со буџетски дефицит од 4,6%. Инфлацијата годинава, според економските аналитичари, ќе биде 7,8%.
Поранешниот министер за екологија Насер Нуредини и покрај тоа што беше на клупата, во оваа игра се радуваше на неизградбата на пречистителната станица за отпадни води и регионалните депонии кои требаше да го намалат проблемот со дивите депонии.
Играта на тимот на ДУИ овојпат повторно беше историска, додека оценките за оваа хроника сигурно ќе бидат хистерични.
Фатлуме Дервиши