ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сите ветија, но проблемот со каналот во Арачиново останува

И покрај многуте ветувања и бројните проекти, состојбата со каналот во Арачиново и понатаму останува иста. Еден дел од каналат е покриен со бетон, додека другиот дел останува ист, исполнет со канализација и полн со ѓубре.

Advertisements

Жителите велат дека со ова ветување во фотелја седат сите градоначалници на општината, но никој не го оставрил. Тие сакаат да најдат решение за овој проблем.

„Сите партии дадоа ветување дека ќе го средат каналот… Сѐ уште се надеваме дека нешто ќе се преземе…”

„Мора да се реши.. мора да има вода, мора да има канализација, а она што таму се фрла во каналот, мора да се отстрани и да се пренесе некаде…“

„Очекуваме да се среди, многу брзо”, велат Граѓаните.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека минатогодишниот тендер за овој проект двапати бил неуспешен, сега се очекува нов тендер, со повеќе средства за 2024 година.

Од општина Арачиново не се изјаснија пред камерите на Алсат, но ни рекоа дека општината ги исполнила сите обврски и натамошната постапка зависи од Министерството за животна средина. Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими на крајот на минатата година беше оптимист дека министерството приоритет ќе му даде на Арачиново.

„…Со надеж дека годината што ја чекаме, со информациите што ги имаме, дека ресорното министерство има обезбедено над 50 милиони евра грантови за канализации и водовод, верувам и имам надежи и очекувам дека Арачиново ќе има посебен приоритет во овој поглед“, рече Ридван Ибрахими, градоначалник на општина Арачиново.

Покрај каналот што смрди, жителите на Арачиново се соочуваат и со диви депонии.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button