МАКЕДОНИЈА

Ситуацијата со Бугарија почнува да наликува на спорот со Грција, вели Наумовски

Донесувањето на Декларациите од страна на бугарскиот Парламент  оневозможува отстапки кон Македонија од која било следна влада во Софија, вели поранешниот вице-премиер за европски прашања, Васко Наумовски. Во неговото вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат Наумовски оценува дека проблемот со Бугарија почнува да наликува на ситуацијата којашто со години ја имавме со нашиот јужен сосед.

Advertisements

„Сите политички партии се согласија околу една тврда позиција и никој нема храброст и легитимитет да се повлече од таа позиција во периодот што следи…после изборите на 11 јули мислам дека парламентот ќе биде толку фрагментиран што ќе биде невозможно да се очекува да се направи политичка влада од партии кадешто ќе постои консензус за отстапка. Како одминува времето, мислам дека оваа ситуација со Бугарија и зацврстувањето на нејзините позиции наликува на она што го имавме во нашите односи со Грција и дека и после формирањето на новата влада ќе биде тешко за нашата влада да најде компромис, а истовремено да ги одбрани нашите национални интереси“, вели Наумовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button