ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ситуацијата со вирусот корона се смирува

Ситуацијата со вирусот корона се смирува.  Министерот за здравство Венко Филипче рече дека подобрувањето на епидемиолошката слика се забележува во намалувањето на бројот на заразени веќе неколку дена по ред.

Advertisements

Министерство за здравство

„Притисокот врз болниците се намалува, иако голем број одделенија не се целосно испразнети. За овој бран е карактеристично што влошувањето на состојбата на пациентите се случува малку подоцна, затоа отпуштањето на пациентите од болниците доаѓа 2-3 недели подоцна “.

Во меѓувреме, процесот на вакцинирање на граѓаните продолжува. До денес, вакцинирани се над 43 илјади граѓани. Само 2. 100 од нив работат во градинки. Сепак, министерката за труд и социјална политика вели дека состојбата во градинките е стабилна и дека малиот број вакцинирани не претставува ризик за нивно евентуално затворање.

Властите очекуваат дека со пристигнување на дополнителни количини на нарачани вакцини, динамиката на имунизација ќе се зголеми. На 26 и 28 април се очекува да достигнат 10 илјади дози Фајзер и 200 илјади кинески вакцини.

Инаку, до денес се пријавиле околу 190 илјади граѓани за да се вакцинираат.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button