ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Скајп згаснува за неколку дена

„Мајкрософт“, сопственикот на Скајп, објави дека официјално ќе ја затвори комуникациската платформа за три дена, по повеќе од две децении постоење. Како што наведоа од компанијата, целта е да се фокусираат на нивната моќна бизнис платформа Тимс, каде што милиони преостанати корисници на Скајп ќе бидат пренасочени во наредните денови, објавува „Индепендент“.

Advertisements

Во соопштението со кое се објавува крајот на Скајп, „Мајкрософт“, кој ја купи платформата во 2011 година за 8,5 милијарди долари, рече дека Скајп бил неопходен дел од обликувањето на модерната комуникација и поддршката на корисниците во безброј важни моменти. Но, во реалноста, велат тие, признаваат дека го тргаат од машината за одржување во живот, на која, реално, работи веќе една деценија.

Скајп не можеше да го држи чекорот со конкурентите како Зум или Слек, кои ја искористија глобалната промена кон работа од дома. Друго можно објаснување е дека Скајп едноставно не беше адаптиран на ерата на паметните телефони. Исто така, постои теорија според која „Мајкрософт“ намерно го турна Скајп во технолошка заостанатост со цел да ја зајакне позицијата на Тимс и во тој процес полека да ја уништи платформата што започна сè.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button