
Поранешниот министер за здравство Беким Сали кажа пред пратениците на истражната комисија дека имал сомнеж и загриженост за начинот на функционирање на Клиниката за онкологија. Зголемувањето на долговите, слабоста во планирањето и контролата за набавка на терапиите и немањето медицински протоколи биле дел од пропустите што ги констатирал.
„Тоа значи дека сите надлежни институции биле свесни за повремениот недостиг на лекови на Клиниката за онкологија, но никогаш не биле преземени ефективни мерки. Затоа го повикав тогашниот директор др. Нино Васев, управител на Клиниката да обезбеди остварлив план за надминување на овие предизвици, но за жал моето барање помина со молчење. После тоа од др. побарав оставка“, рече Сали.
Од СДСМ го прашаа дали доколку се утврдат прекршувања, ќе прифати политичка и кривична одговорност.
Сали дури го поврзува скандалот во Онкологија, но и другите промени што ги направил со директорите на Клиниките со неговата смена.
Следен за исказ пред пратениците во Истражната комисија е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Фатлуме Дервиши