Скапата струја удри по копачите на крипто-валути
Скапата струја удри по копачите на крипто-валути

Новата пресметка за електрична енергија од овој месец ќе го намали ископувањето на крипто-валути и 70%. Оние кои имаат електронски уреди легално приклучени на мрежата за снабдување со струја велат дека трошоците ќе бидат огромни со оглед на новите блок тарифи, особено четвртата која ќе има иста цена како мегаватот на меѓународниот пазар. Алсат денеска разговараше со еден од копачите на крипто-валути, кој анонимно ни објасни дека профитот ќе се преполови и не ја исклучува можноста да се откаже и да ја продаде својата скапа опрема, поточно графичките картички.
„Јас сум релативно нов на овој пазар, само два месеца имам искуство на пазарот за копање и засега е во ред, задоволен сум. Тоа е долгорочна инвестиција. Инаку, тешко нè погоди поскапувањето на струјата, но можам да кажам дека овој бизнис е сè уште профитабилен. Има помалку профит, но сепак ќе работам со 30% од капацитетот“, рече Копач на крипто-валути на телефонски разговор. لعبة قمار اون لاين
Собирањето крипто-валути кај нас не е регулирано со закон. Во изминатите неколку години, голем дел од оние кои заработуваа преку интернет, признаа дека краделе струја за да имаат поголем профит, затоа што компјутерската опрема, којашто се инсталира за оваа цел, троши многу струја. Најмалку колку една термо печка која би работела 24 часа.
Прашавме во „ЕВН-Македонија“ дали се соочуваат со овој проблем? Ни одговорија дека има нелегални приклучоци во нивната мрежа, но не ни дадоа точни информации колку од нив се користат за ископ на крипто-валути. Сепак, побарале помош од МВР, но тврдат дека сè уште не добиле конкретна поддршка.
„ЕВН е надлежен само за делот од мрежата до броилото, а не и за внатрешната инсталација во објектите на корисникот. Доколку се докаже кражба на електрична енергија се пријавува во полиција, а понатаму надлежни се државните истражни органи“, одговорија од ЕВН-Македонија.
Глобалната финансиска криза последниве месеци, особено повисоките цени на струјата и горивата, се одрази и на пазарот на криптовалути.
Ако биткоинот имаше вредност од 70 илјади американски долари, сега вреди само околу 20 илјади. استراتيجية لعبة روليت Некои земји како Кина и Велика Британија привремено ја замрзнаа можноста за претворање на електронските пари во реални валути.
Продавниците што ги посетивме велат дека и во земјава драстично е намалена нивната продажба. بينجو لعبة /Alsat.mk
Аднан Ќаили