ВЕСТИЕКОНОМИЈА

СКАПОТИЈА – полната количка од порано сега вреди колку една ќеса

Ако некогаш во маркет со 3 илјади денари можеше да се наполни цела количка, денеска со истата сума можете да наполните една торба. Граѓаните сега плаќаат повеќе, а добиваат помалку. Велат дека не ги разбираат властите кога тврдат дека се намалува цената на прехранбените производи, бидејќи во пракса се соочуваат со спротивното. Во овој период од годината кога се прават зимници, за граѓаните е уште потешко.

Advertisements

Државниот завод за статистика деновиве излезе со податокот дека инфлацијата е намалена на 6,6 отсто во однос на август кога изнесуваше 8,3 отсто. Но, индексот на трошоците за животот и цените на мало во септември се зголемија за 4,7% во споредба со истиот месец минатата година.

„Зголемени индекси на трошоците на животот во септември 2023 година во однос на претходниот месец се забележани кај алкохолните пијалаци за 2,3%, јајцата за 2%, виното за 1,9%, сирењето и урда за 1,2%, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и слатките за 1%, кафето, чајот, какаото за 0,9%, рибата и морските плодови за 0,7%, лебот и житарките за 0,6% и другите прехранбени производи за 0,5%“, се наведува од ДЗС.

Од Заводот за статистика велат дека има позитивен тренд на намалување на трошоците за овошје за 2,7%, масло за готвење за 1,7%, свеж и замрзнат зеленчук, освен компирот и останатото овошје со корења 1,3% и млекото за 0,4%. Најголемо намалување на индексот на трошоците на живот е забележано кај патничкиот авионски превоз за 34,8%, иронично можеби за оние кои сакаат да купат билет во еден правец.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button