КОШАРКАСПОРТ

Скаутите: “Брони Џејмс, не е перспектива во НБА”

Брони Џејмс, наследникот на веќе легендарниот кошаркар Леброн Џејмс, ноќеска дебитираше во Летната лига во НБА, што според американските медиуми бил единствениот светол момент за него со оглед што не се прославил на паркетот.

Advertisements

Синот на најдобриот поентер на сите времиња во НБА, кој беше избран од ЛА Лејкерс како 55. пик на неодамнешниот драфт, а постигна само четири поени во ноќешниот пораз на „езерџиите“ од Сакраменто Кингс (94-108).

Брони имаше 2/9 шут од поле, како и два скока и две асистенции, а Лејкерс со него на теренот имаа негатива од 16 поени. Поради сето ова, американските новинари воопшто не го штедат наследникот на „Кралот Џејмс“.

Скаутите не беа премногу љубезни кон Брони, а еден од нив изјави дека тој „не е перспектива во НБА“. Да, се уште е рано, но сигурно е дека и тој самиот би сакал да шутира подобро од 22,2, отсто од поле. Брони и Лејкерси ќе се вратат на теренот во недела против Голден Стејт Вориорс

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button