МАКЕДОНИЈА

Скендер Реџепи: „Засега нема можност за уставни измени“

Независниот пратеник Скендер Реџепи смета дека во моментов нема теоретска и практична можност да дојде до уставни измени. Во емисијата „Патот кон“ што се емитува вечерва на Алсат во 22:20 часот, Реџепи рече дека потребниот број пратеници за отворање на Уставот ќе се постигне само со зголемен меѓународен притисок врз македонската опозиција и со договор – по измените, да се оди на предвремени парламентарни избори. (Изјава)

Advertisements

„Овие промени ќе дојдат само со поголем меѓународен притисок, особено од САД и ЕУ врз македонската опозиција за да покажат дека интересот на државата да биде дел од ЕУ е поголем од личниот или партискиот интерес. Сметам дека само така ќе се направат уставни измени. Албанските политички партии не можат да го убедат ВМРО да гласа за промените“, рече Реџепи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button