Ски-центарот во Кожуф веќе четири години во банкрот

Ги искачија највисоките врвови на светот, но не и сите планински туристички атракции во земјава. Здруженијата за планински туризам се жалат на недостаток на соодветна инфраструктура за планински туризам или екстремни спортови. Едно такво туристичко место е Ски центарот на планината Кожуф во Гевгелија. Здруженијата велат дека државата ги занемари ски-центрите, жичарниците, пешачките патеки и слично. Арменд Лута од „Пеактрип“ рече дека претходната влада потроши милиони евра залудно на планина каде што климата е топла, а периодот за зимски туризам е многу краток.
„Тогашните власти не ги зедоа предвид проценките на експертите парите да се трошат во други центри каде има поголем капацитет како што се Попова шапка или Пелистер каде снегот трае подолго. Колку што знам, само за патот од Гевгелија до туристичкиот центар во должина од 90 километри, беа потрошени милиони и сето тоа потфрли“, рече Арменд Лута, Здружение „Пеактрип“.
Тогаш беше промовирана и првата шестоседна жичница на Балканот изградена од австриската компанија до највисокиот врв „Зелен брег“ од 2176 метри. Со целиот асфалтиран пат од Гевгелија до жичницата, даночните обврзници ги чинеше не помалку од 9 милиони евра. Денес, во висорамнините на Кожуф што се поврзуваат со зелениот појас на јужната граница, сè е запоставено. Од општина Гевгелија велат дека приватната компанија што со концесија ја презеде оваа туристичка точка е во стечајна постапка веќе 4 години.
Причината за потфрлувањето според општинските власти бил мегаломанскиот концепт на инвеститорот што ја окупирал целата територија со тврдење дека ќе привлече странски инвеститори од 70 милиони евра. За да ги вратат соседните туристи на планините на Кожуф, централните власти планираат да отворат нов локален премин со Грција, како што е предвидено во Договорот од Преспа.
Аднан Ќаили