ВЕСТИРЕГИОН

Скок на бројот на новозаболени во Србија, најголем број од заболените заразени во кафеани, кафе барови и ски-центри

Српскиот Кризен штаб за борба против вирусот корона на денешната седница не предложи нови мерки, но беше одлучено ова владино тело повторно да се состане во петок, кога ќе се одлучи кои мерки ќе важат за викендот.

На денешната седница, членовите на Кризниот штаб го анализираа значителното зголемување на бројот на пациенти, што е забележано во Србија во изминатите неколку дена. Вчера беше забележан нов скок на бројот на новозаболени во земјата, кога за 24 часа беа регистрирани дури 3.257 позитивни лица. Епидемиолозите утврдиле дека најголемиот број на зарази потекнуваат од угостителските објекти и скијачки центри, пренесува порталот „Блиц“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button