МАКЕДОНИЈА

Скопјанец копирал туѓа платежна картичка, а потоа одел на шопинг

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против A.Т.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка” по член 274-б од Кривичниот законик.

Пријавениот, во текот на март 2022 година, противправно набавил банкарски податоци од вистинска платежна картичка и лични податоци од носителот, по што ги употребил за вршење на 16 неовластени трансакции за купување/плаќање на разни услуги, во вкупна вредност од 31.659 денари.

На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во висина на тој износ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button