ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопјанец осомничен дека подметнал пожар во Адвокатската комора и избегал од државата

Четириесет и едногодишен скопјанец е осомничен за намерно предизвикување на пожарот минатиот понеделник во зградата каде се сместени просториите на Адвокатската комора, во кој е предизвикана значителна материјална штета, соопшти републичкото Јавно обвинителство.

Тој, како што информираат оттаму, во моментов е во бегство и по него ќе биде распишана потерница.

Advertisements

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка и бара на осомничениот да му биде одредена мерка притвор, кој ќе се започне да се применува по неговото пронаоѓање и апсење.

Според Обвинителството, скопјанецот се гони за кривичното дело тешки дела против општата сигурност.

„На 25 ноември осомничениот со умисла подметнал пожар во просториите на Адвокатската комора на РСМ на улицата ‘Методија Шаторов Шарло’, предизвикувајќи на тој начин значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Како што информираат оттаму, скопјанецот за пирот се подготвил една недела претходно, кога набавил секира со гумирана рачка, плинска запалка, заштитни ракавици и 48 коцки за потпалување со керозин.

На 25 ноември, со своето возило дошол во близина на зградата каде се сместени просториите на Адвокатската комора во Општина Аеродром и маскиран со „фантомка“ со секирата ја скршил влезната врата. Потоа на скалите ги наредил коцките керозин, врз нив ставил повеќе плински боци и ги запалил.

„Со тоа предизвикал пожар од поголем обем во станбената зграда. Причинетата штета се проценува на околу 9 255 000 денари (околу 150 000 евра)“, велат од Обвинителството.

По ова осомничениот не губел време и, според истрагата, само триесетина минути по настанот со возилото ја напуштил државата, преку граничниот премин „Блаце“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button