ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопјани ги чистат поплавените подруми и гаражи

Вака изгледаа последните неколку дена подрумите и гаражите во Скопје.

Сретнавме голем број граѓани на Скопје кои ги чистеа поплавените подруми и санираа штетите од вчерашниот пороен дожд.

Во повеќе делови на Чаир и Скопје, граѓаните се пожалија дека претрпеле бројни материјални штети.

„Тука имаше многу вода… не сум имал никакви штета, но познавам луѓе кои претрпеле штета и секогаш имаме проблем со оваа вода тука, се жалиме до општината велат дека ќе дојдеме,  треба да има поголем канал за водата да оди, но еве вака е со години“…

„Дождот направи голема штета во Чаир и на други места . Овие остатоци се пред дождот, околу три недели се тука,  предлагам веднаш да се тргнат, бидејќи ќе донесат болест“, рекоа граѓаните.

Покрај штетите на зградите, подрумите и возилата, овонеделната бура што ја зафати земјата, поројниот дожд и град, исто така, уништија многу земјоделски култури.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button