ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Скопјани од 1 август ќе плаќаат повисоки сметки за парно греење

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на парното греење кои ќе стапат во сила од 1 август. Очекувано, сметките ќе бидат повисоки и како резултат на тоа паричниците на скопјани ќе бидат уште попразни. Корисниците на услугите на БЕГ ќе имаат повисоки сметки за 14,18%. Ако до сега граѓаните плаќаа 1800 денари за просечна сметка за топлинска енергија, сега ќе плаќаат 250 денари повеќе. Според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, единствена причина за поскапувањето на сметките е драстичното поскапување на природниот гас, кој сега е 10 пати поскап.

Advertisements

Во случај на евентуална криза со недостиг на гас, според надлежните, ќе се имплементираат алтернативни извори за парно греење за граѓаните.

„Согласно Законот за енергетика, во делот на снабдувањето со топлинска енергија, ако топланите во Град Скопје и Тетово немаат природен гас или немаат можност да работат со природен гас, со закон е обврзано да имаат алтернативни горива, со единствена цел да не го прекинат снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

За паричната помош за социјално ранливите категории, министерот Бектеши рече дека Министерството за финансии во соработка со кабинетот на премиерот и Министерството за економија подготвуваат вакви мерки. Според него, мерките треба да бидат насочени конкретно за оние категории граѓани кои се соочуваат со економски тешкотии.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button