ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Скопјани: „Од кавгите во Комуналец не треба да трпиме ние!“

Преполни контејнери и ѓубре расфрлано околу нив го претворија Скопје во страшна депонија. Револтираните граѓани велат дека од споровите во Јавното претпријатие Комунална хигиена не треба да трпат тие и да се задушуваат во смрдеа. Се плашат и од можни зарази.
Други пак оценуваат дека ова е исмејување со народот за политички придобивки и лични интереси.
„Што е ова? Зошто си играат со народот, ова е игра, ова е катастрофа. Веќе една недела улиците се со отпад, го истурија таму и ги зафаќа улиците“, реагираат граѓаните.
Поради протест на работниците на Комунална хигиена, сметот не се чисти редовно веќе три дена по ред.
Мелихате Рустеми