Скопјани со маски, се штитат од загадувањето
Скопјани со маски, се штитат од загадувањето

Се враќа употребата на маски од скопјани поради екстремно загадениот воздух. Најголем проблем со дишењето имаат постарите граѓани и децата.
Иако воздухот е многу загаден, граѓаните велат дека мора да излезат надвор за да си ги завршат своите обврски.
„Маска носиме поради загадувањето, рече еден граѓанин.
Дали се штитите на овој начин? Да”.
Најновите податоци на „IQ Air“,покажуваат дека покрај Скопје, екстремно загаден е воздухот и во Тетово.
Во Тетово е забележанo e двојно поголемо присуство на ПМ2,5, честичките од она што е препорачаното од Светската здравствена организација.
На ова ниво на загаденост препорачливо е да се затвораат вратите и прозорците, а на оние кои се чувствителни им се препорачува да останат во затворени простории или доколку излегувањето е неизбежно, се препорачува носење маска./Алсат.мк
Авни Тахири