ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Скопјани уживаа во сончевото време, од утре наоблачување

После период на нестабилни температури, се чини дека граѓаните нетрпеливо чекаа да си заминат облаците и да излезе сонце и конечно викендов излегоа да уживаат во убавото време.
Граѓаните велат дека времето поминато во парк или на други зелени површини им помага да ја започнат неделата со подобра енергија.
Сепак, се чини дека сончевите денови нема да не придружуваат во текот на наредната недела. Метеролозите најавуваат дека од понеделник ќе има нестабилно време.
Од вторник температурите ќе бидат пониски и ќе се движат од 13 до 18 Целзиусови степени, додека во среда ќе биде уште посвежо. До крајот на неделата се очекува нестабилно време.
Еви Шкопи