СКОПЈЕ – Данела Арсовска ќе ги извиси Алијанса и Алтернатива

Evi Shkopi
Довчерашната опозициска коалиција Алијанса-Алтернатива може да остане без директори во Скопје и покрај поддршката што ѝ ја дадоа на Данела Арсовска за да стане градоначалничка. На денешната средба со новинарите Арсовска демантираше дека имало договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса и Алтернатива за поделба на градските претпријатија. Според неа, ним не им требале партии, туку квалитетни кадри.
„Со фирмите ќе раководат квалитетни луѓе, а не партии. Овие луѓе прво мора да бидат способни да гарантираат дека ќе можат да ги постигнат сите цели што ги имаме во програмата. Тие прво треба да се обидат да ги намалат трошоците и да се погрижат компаниите да не бидат во загуба. Не, немавме никаков договор.“
Алијанса за Албанците не се согласува со ваквиот став на Арсовска. Според нив, договор има и очекуваат тој да се исполни.
„Секако дека поддршката за г-ѓа Арсовска не е дадена само за функции. Таа е дадено како резултат на нашето убедување дека со градот Скопје може подобро да се менаџира отколку што се управуваше досега. Има договор и очекуваме тој договор да се реализира.“
Пред еден месец и претседателот на Алтернатива, тогаш дел од опозицијата, изјави дека чека да добијат управни места низ Скопје.
„Секако дека имаше ветувања дека ќе имаме некои претпријатија, ќе имаме некои дирекции, ќе бидеме дел од власта со нив, но сè уште нема ништо конкретно.“
Предизборниот договор не го демантираше ниту Мицкоски.
Во рамките на Град Скопје работат вкупно 8 јавни претпријатија, 8 културни и 22 средни училишта. Во моментов в.д директори се назначени во ЈСП, Дрисла, Лајка, Паркови и зеленило, Улици и Патишта и во Зоолошката градина.