ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Скопје домаќин на првиот регионален министерски состанок за Планот за раст на Западен Балкан

Во Владата ќе се одржи првиот состанок за Планот за раст на Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст што беше објавен од Европската комисија на почетокот на овој месец.
На состанокот е најавено присуство на министри од земјава, Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово и на високи претставници од Директоратот за проширување на ЕК. Министерскиот состанок ќе го отворат министерот за финансии Фатмир Бесими и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Планот за раст на Западен Балкан и Инструментот за реформа и раст пред министрите за финансии и економија ќе ги претстави генералниот директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската Комисија, Герт Јан Копман.