Скопје го започна билатералниот скрининг со Брисел

Скопје го започна билатералниот скрининг со Брисел. Отсега Европската Комисија започнува да „чешла“ како го имплементираме европското законодовство што сме го усвоиле. Како што претходно во интервју за МИА објасни државниот советник во Секретаријатот за европски прашања, Драган Тилев, сега Унијата гледа како во земјава функционира судскиот систем, системот за финансиска контрола, како функционира Управата за јавни приходи и Јавното обвинителство. Инаку, по завршувањето на овој билатерален скрининг се очекува Брисел да поднесе извештај во кој детално ќе биде наведено каде потфрламе и какви реформи треба да преземеме. Вицепремиерот Бојан Маричиќ денеска изјави дека властите напорно работат за исполнување на целта – членство во ЕУ до 2030 година.
„Одговаравме на прашањата на Комисијата и покажавме високо ниво на подготвеност. Ова е за нас поттик да продолжиме понатаму и што побрзо и што поуспешно да ги завршиме скрининг состаноците. Тоа ќе ни даде една целосна слика колку сме успешни, каде имаме уште многу работа и во кој временски рок можеме да ги заклучиме преговорите“, рече Маричиќ.