ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје и Белград ќе ја продлабочуваат соработката за намалување на метежот на граничните премини

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ денеска се сретнаа во СВР Куманово каде разговараа за продлабочување на соработката, намалување на метежот на граничните премини, справување со миграцијата, заеднички патроли и меѓусебна поддршка.

Advertisements

– Разговаравме за сето она што е поврзано помеѓу двете полиции од аспект на тековната соработка, која е одлична и можеме само да ја продлабочиме понатаму со сите оние оперативни соработки кои ги имаме. Разговаравме исто така во насока на подобрување на транзитот на нашите граѓани на граничните премини за тоа што договорено е во рамки на техничките/работните групи коишто се формирани да се одржуваат континуирани состаноци, изјави Тошковски.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кажа дека биле успешни и претходните средби во Белград и на граничниот премин Прешево-Табановце. Нивна цел, рече е решавање на проблемот со метежот на граничниот премин. Тој во изјавата за медиумите потсети дека и претходно се разговарало за преминуавње на границите со лична карта, намалување на метежот, но дека секогаш постои можност за усовршување за да се надимне проблемот за граѓаните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button