ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје и натаму со најмногу нови случаи на Ковид-19

Скопје и натаму со најголем број нови случаи и највисока инциденца, најзастапена возрасна група на лица над 60 години.

Advertisements
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември 2020г. тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 6,3% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.486 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела од 1,8%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 38%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49, а најмал број е регистриран кај децата.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button