МАКЕДОНИЈА

Скопје и општините со заеднички инспекции

Градот Скопје и општините кои го сочинуваат ќе формираат заедничка инспекциска служба. Преку неа се надеваат дека ќе бидат пофункционални за да се справуваат со дивоградбите и другите прекршувања на комуналните закони.

Advertisements

„Се подготвува меѓуопштински договор којшто би требало до крајот на овој месец да го потпишеме заедно со 10 скопски општини преку кој ќе се изврши централизирање односно фокусирање на инспекцискиот надзор на територија на главниот град, којшто ќе биде под покровителство на Градот Скопје. Финалното усогласување на ставови ќе резултира со конечен предлог“, рече Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.

Проблемот со градежната инспекција особено се наметна како проблем по случајот со уривањето на дивоградбата кај трговскиот центар Мавровка во Скопје, додека инспекциите за животна средина влегуваат во фокусот на јавноста со доаѓањето на зимското загадување на воздухот. Во исто време, многу општини кубурат со инспектори. Само утрово во Заедницата на единиците на локалната самоуправа, ЗЕЛС, две општини известиле дека повеќе немаат градежен инспектор, а проблем се и инспекторите за животна средна.

„…Често се случува еден човек да ги извршува сите работи. Отворен конкурс за прием на нови, никој не се пријавува, еден градежен инженер 100 пати поголема плата ќе земе во некоја градежна фирма отколку во општината“, вели Душица Перишиќ, Директорка на ЗЕЛС.

Невладините организации пак, алармираат дека кај локалните општински инспектори постои ризик од корупција бидејќи се во директен контакт со градоначалниците.

„Сè она што го констатиравме нè наведува на еден заклучок и препорака дека се нужни промени во моделот на функционирање на инспекциските служби на локално ниво, доколку сакаме да имаме ефикасни и некорумпирани инспекциските служби во општините“, изјави Билјана Бејковска, директорка на НВО Инфоцентар.

Според анализите на невладиниот сектор, општинските инспектори се зависни од волјата на градоначалниците и повеќе ги штитат моќниците отколку јавниот интерес.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button