ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје и Софија го одбележаа денот на Свети Кирил и Методиј, следува заедничко чествување во Рим

Во пресрет на заедничкото одбележување на Денот на Св. Кирил и Методиј во Рим, одделни активности за празникот кој Скопје го слави како Ден на сесловенските просветители, а Софија како Ден на бугарската азбука.

Advertisements

„На денот на Светите браќа Кирил и Методиј, на бугарското писмо, словенското просветителство, култура и книжевност, го славиме најголемото културно достигнување на нашиот народ, создавањето на нашата писменост. Пред повеќе од 1.100 години Бугарија беше земјата што ја спаси работата на словенските учители. Кирил и Методиј, Климент Охридски и Наум Преславски и нивните следбеници ја претворија Бугарија во духовен и културен центар на словенскиот свет низ средниот век.“

Запрашан за билатералниот спор што го држи во заложништво почетокот на преговорите меѓу земјава и ЕУ, Радев рече дека патот на Скопје кон ЕУ минува низ Софија, а Софија нема да дозволи да се увезуваат дополнителни проблеми во Унијата. Тој додаде дека има големо внимание кон Бугарија, односно притисок од земјите-членки на унијата.

Во меѓувреме, премиерот Заев очекува претседателите Радев и Пендаровски да преземат чекори за надминување на билатералните разлики на средбата во среда во Рим, иако самиот Пендаровски претходно изјави дека тие ќе разговараат неформално и оти не се надлежни да преговараат за спорот. Сепак, Заев е оптимист дека билатералната волја и предлогот на Португалија ќе ги доведе земјите кон решение.

Португалскиот шеф на дипломатијата Силва, чија земја претседава со ЕУ, во петокот достави предлог за деблокирање на преговорите меѓу земјава и ЕУ. Скопје предлогот го оцени како добра основа за решение, но Софија и понатаму инсистира на своето барање за јасни гаранции дека Скопје ќе го спроведе Билатералниот договор од 2017 година. Неофицијално, предлогот на Силва предвидува спорот да не се решава преку преговарачката рамка, туку преку Договорот за стабилизација и асоцијација.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button