Скопје и Софија го разгледуваат планот за спроведување Договорот

Скопје и Софија го разгледуваат планот за спроведување на билатералниот договор од 2017 година. Од Владата за Алсат потврдуват дека улогата на планот би било внимателно следење на спроведувањето на договорот и сè што треба да се разјасни и детализира, може да се направи со придружен документ.
„Обете страни разговараат за тоа како да се забрза изградбата на Коридорот 8, како да се запре говорот на омраза, како да се забрза работата на комисијата за историја. Сè во насока на воспоставување доверба во процесот. Потсетуваме дека немало и нема да има преговори за македонскиот идентитет, народ и јазик. Ова се меѓународно докажани факти“, велат од Владата.
Министерот за надворешни работи Османи рече дека ова се конкретни проекти во сите области, кои се утврдени во акциониот план што треба да се следи на неделна основа.
И додека само неколку дена не делат од конечната одлука на ЕУ за тоа дали да започнат преговори за членство или не со земјата, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ продолжуваат со препукувањата.
Во меѓувреме, бугарскиот историчар Наум Кајчев, кој е дел од заедничката комисија, ги негираше обвинувањата дека бугарската страна категорично ја отфрла употребата на терминот „македонски“. Тој ги обвини бугарските медиуми за неуспехот на последната средба, на која не само што не беше постигнат напредок за „Гоце Делчев“, туку и назадување во случајот на Цар Самоил. Софија го услови почетокот на разговорите со ЕУ со почитување на јазичната формулација во согласност со Договорот од 2017 година, со прецизни упатства за спроведување на договорот и одрекување од македонско малцинство во Бугарија.
Анеса Салиху