ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Скопје и Софија се договорија во Брисел заеднички да ја продолжат изградбата на пругата од Коридорот 8

Северна Македонија и Бугарија се договорија во Брисел заеднички да ја продолжат изградбата на железничката пруга, дел од Коридорот 8. Страните се согласија во присуство на претставници на ЕУ. Генералниот директор на Директоратот за соседство и проширување на ЕК напиша дека Бугарија и Македонија ја потврдиле заложбата за изградба на железничкиот Коридор 8.

Advertisements

Поддржана со грантови од ЕУ, оваа железница ќе ја зајакне поврзаноста во регионот. Според премиерот Христијан Мицкоски недостасува половина од тунелот од Бугарија, додавајќи дека пругата нема да биде изградена се додека Бугарија не го заврши својот дел од тунелот.

Мицкоски јавно праша дали Албанија започнала со реализација на овој проект кој ќе ги поврзе двете пристаништа Бургас и Драч.

Во однос на автопатот, Мицкоски ги обвини поранешните функционери на ДУИ дека две години само се сликале а не превзеле ништо.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button