ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Скопје и Софија се согласиле тунелот кај Деве Баир да го гради еден изведувач и да се преиспита цената на пругата кон Бугарија

Да има заеднички проект за да не се гради тунел кој не води никаде, Бугарија да го заврши својот дел од пругата и ревидирање на цената и на самиот проект. Овие три аргументи кои изминатиот период ги посочуваше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во врска со железничкото поврзување на Северна Македонија и Бугарија преку Коридорот 8 биле прифатени на состанокот што вчера се одржал во Софија помеѓу делегации од двете земји и претставници на Европската Унија, соопштија утрово од Министерството за транспорт.

На состанокот, како што информираат оттаму, од македонската страна предводена од државниот секретар во Министерството за траспорт Стeфан Велковски и директорот на „Железници – инфраструктура“, Синиша Ивановски, било истакнато дека земјава не отстапува од железничкото поврзување на кое се гледа како на регионален проект со кој се потенцира развојот на европските транспортни мрежи.

Во врска со ова, а по проценетите ризици и во контекст на изведбата, било заклучено на изградбата на тунелот од железничката траса да работи еден изведувач.

Според Министерството за транспорт, на состанокот од двете страни исто така било прифатено третата фаза од проектот, односно делницата Крива Паланка – Деве Баир, да биде преиспитан во однос на цената бидејќи сегашната е превисока и неразумна и интенцијата е таа да се намали.

„Двете делегации, исто така, се согласија да се користи одлуката за технички проект за тунелот, поднесен од ЈП ‘Железници – инфраструктура’“, се додава во соопштението од Министерството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button